Quantcast
Channel: вработување – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 36

Go, Scala и Ruby најбарани на пазарот на труд

0
0

Ако барате работа и знаете Go, Scala или Ruby веројатноста е дека побрзо ќе се вработите. Овие три програмски јазици се најбарани на пазарот на труд, но Python, JavaScript и Java и натаму се најупотребувани. Недостатокот на Go девелоперите се одразува и во тоа што девелоперите во просек добивале по 9,2 понуди за интервјуа во период од 2 до 6 недели, вели анализата на Hired, кoja ја сподели ZDNet.

За проценка на барањата на некоја вештина, во случајов програмски јазик Hired го користи понудите за интервју. По овој статистички показател зад Go се: Scala (8,5 интервјуа), па Ruby (8,2) и TypeScript (7,9).

Ова секако е само дел од приказната. Најупотребуваните програмски јазици и натаму се JavaScript (го користат 63% од програмерите); Python (44%) и Java (го користат 38 отсто од програмерите).

Резултатите од анализите на Hired се однесуваат на глобалниот пазар. Податоците се добиени од 400 000 барања за интервју, 10 000 компании и 90 000 луѓе во потрага по работа. Секако ако ве интересира што ќе биде потребно во иднина анализата ќе ви помогне и со ова. Инженери за вештачка интелигенција и виртуелна реалност се на листата најбрзорастечки. Ова секако не е гаранција дека интересот нема да стивне, на пример, инженерите за блокчејн кои минатата година беа на прво место во овој показател веќе не се ни на листата, заклучи ZDNet.

Каква е ситуацијата во Македонија може да разгледате на мапирањето на ИТ-индустријата во Македонија кое го направи ИТ.мк.

Ситуацијата со најчесто користените програмски јазици е слична. Високо на лисата се JavaScript и Java, но Python не е ниту во првите 10 технологии. Сепак Python е убедливо на прво место на листата програмски јазици кои Македонците сакаат да ги научат.

The post Go, Scala и Ruby најбарани на пазарот на труд appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 36

Latest Images

Trending Articles





Latest Images